Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска репрезентација генерација 2006 година и помлади, Наум Танески, го објавува списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари со репрезентациите на Словенија и Австрија во рамки на ЕХФ машката национална недела во период од 07.05.2024 година до 12.05.2024 година.
Кадетската репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги одигра во Словенија во градот Зрече.
Натпреварите на кадетската машка селекција се предвидени да се одиграат на 10.05.2024 година (петок) против селекцијата на Словенија во 18:00 часот и на 11.05.2024 година (сабота) против Австрија во 12:30 часот.
Собирот е закажан за ден 07.05.2024 година (вторник) со почеток 09:30 часот во
сала Автокоманда Скопје.

(фото – РФМ)📷