Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска репрезентација генерација 2006 година и помлади, Наум Танески, го објавува списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари со репрезентацијата на Црна Гора во рамки на ЕХФ машката национална недела во период од 11.03.2024година до 17.03.2024 година.
Собирот е закажан за ден 12.03.2024 година (вторник) со почеток 12:00 часот во хотел Карпош Скопје. На списокот повикани се 21 ракометар.

(фото – РФМ)📷