Се вршата подготовките за големиот турнирт за млади категории “5-ка” , кој ќе се одржи на 31 мај во Охрид.
Турнирот ќе опфати: генерација 2012/2013 година и генерација 2014 и помали (мини ракомет).
До овој момент се пријавени 300 деца од 10 екипи од различни делови на Република Македонија, што ветува еден незаборавен спортски настан исполнет со натпреварувачки дух, другарство и многу забава.
“Пријавувањето сè уште е отворено за генерацијата 2014 и помали, и ќе биде достапно уште неколку дена – повелете, искористете ја оваа можност и пријавете се веднаш на телефонскиот број – Борис Џутески 078/264-649”, – изјавија од РШ Вардар Охрид.

(фото – РШ Вардар Охрид)📷