На 3 јануари 2023 година, ќе има ракометен спектакал, каде ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу сегашни и поранешни репрезентативци на Македонија.
Тој натпревар ќе биде организиран од страна на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), и ќе се одигра во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје.
На теренот треба да се најда Наумче Мојсовски, Кире Лазаров, Петар Ангелов, Влатко Митков, Борко Ристовски, Влатко Темелков, Стојанче Стоилов и други поранешни репрезентативци.
Покрај актуелниот стручен штаб во репрезентацијата на Македонија, селекцијата на ветераните ќе ја водат Илија Темелковски и Ѕвонко Шундовски.
(фото – РФМ)📷