Нексе ги продолжи договорите со шест ракометари

Екипата на Нексе од Нашице објави дека е продолжена соработката со шест ракометари за следната сезона.

Станува збор за левото крило Александар Бакиќ, кој останува до 2025 година, потоа договорот го продолжи левиот бек Лука Мославац, кој останува до 2026 година, додека десниот бек Предраг Вејин останува во Нексе до 2024 година.

Продолжени беа договорите со голманот Морено Цар и Џанфранко Прибетиќ до 2025 година, а Фахрудин Мелиќ до 2026 година во редовите на Нексе.

(фото – Рк Нексе)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.