Екипата на Нексе Нашице го освои турнирот “Марко Божиновски”, откако во финалето го совлада тимот на Војводина со 37-33.
Третото место го освои тимот на Голден Арт, откако го совладаа тимот на Тинекс Пролет на пенали со 32-30, а регуларниот дел заврши нерешено со 27-27.
Во натпреварот за 5-то место на турнирот, екипата на Вардар го совлада Алкалоид со 35-28. Седмото место го освои тимот на Еурофарм Пелистер, откако беше подобар од Бутел Скопје со 36-33.
Наградата за МВП на турнирот му припадна на играчот на Јосип Колариќ од тимот на Рк Нексе Нашице. Најдобар стрелец на турнирот беше Симо Шиан од тимот на Рк Војводина, додека наградата за најдобар голман ја доби Бодин Хркаќ од Рк Нексе Нашице.
Наградата за најдобро лево крило на турнирот, заврши во рацете на Филип Бошковски од Рк Бутел Скопје.
Пласман:
1. РК НЕКСЕ НАШИЦЕ
2. РК ВОЈВОДИНА
3. РК ГОЛДЕН АРТ
4. РК ТИНЕКС ПРОЛЕТ
5. РК ВАРДАР
6. РК АЛКАЛОИД
7. РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
8. РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
(фото – Данаил Петровиќ)📷