Нема да се одржи турнирот “Гоце и Томе” во Богданци, причината е финансиски проблеми

Меморијалниот турнир “Гоце и Томе”, кој се одржуваше во Богданци организиран од страна на Рк Младост 1977 Богданци, оваа година нема да се одржи.

“По повод Меморијалниот турнир Гоце и Томе 2023 г, кој требаше да се одржи годинава ја известуваме јавноста дека оваа година РК Младост 1977 АД од финансиска гледна точна не е во можност да го организира турнирот. Меморијалниот турнир Гоце и Томе кој се организираше во чест на Томе Лисичков (секретар на Младост) и Гоце Петрушев (претседател на Младост) беше единствениот голем настан кој нашиот клуб во соработка со Општината и бизнис секторот минатите години го организираше успешно и остави голем траг за младите и спортот во Богданци и во Македонија бидејќи доаѓаа екипи од цела држава. Минатата 2022 година покрај јавниот повик до целиот бизнис сектор во Општина Богданци и околината каде беше приложена и сметка од клубот речиси сите фирми (освен 2-3) се оградија од донација и спонзорство за организирање на овој настан што не беше доволно за повторно организирање за еден ваков голем настан. Вечна им слава на Гоце и Томе луге кои направија многу за Богданци, и спортот во Македонија”, – стои во соопштението на Рк Младост 1977 Богданци.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести