На турнирот во Охрид, после одигрувањето на финалните натпревари беа доделени и индивидуални признанија и награди.
Најдобар стрелец на второто издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид е левото крило на Охрид Гоце Ојлески, за најдобар голман прогласен е голманот на Олимпијакос, Константинос Котанидис, додека наградата за најкорисен или најдобар играч на турнирот ја освои репрезентативното крило на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески.
(фото – ГРК Охрид)📷