Ненад Костески: Ништо не е загубено оваа сезона, има уште да се игра

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува настап во СЕХА лигата, и натпревар со екипата на Војводина, кој се игра во Битола.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, десното крило Ненад Костески.

“Имаме само еден ден за да се подготвиме за натпреварот со Војводина во СЕХА лигата. Треба да заборавиме тоа што се случи против Мотор Запорожје, да ги подигнеме главите и да покажеме добра игра и добар натпревар. Ништо не е загубено оваа сезона, има уште многу да се игра. Ја повикувам публиката да дојде да нè поддржи и на крај сите заедно да се радуваме на нова победа”, – изјави Ненад Костески.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.