Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 11. коло од Супер лигата.
Судиската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат дербито меѓу екипите на Вардар и Алкалоид, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески.
Натпреварот меѓу Вардар и Алкалоид ќе се одигра на 9 ноември во недела со почеток од 18:30 часот во СЦ “Јане Сандански”, во Скопје.
(фото – Архива)📷








