Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе судат натпревар од Лигата на Европа во машка конкуренција

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за 2. коло од групната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.

Македонската судиска двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Карвина и Фленсбург, додека делегат ќе биде Јанка Стасова.

Натпреварот меѓу тимовите на Карвина и Фленсбург ќе се одигра на 15 октомври со почеток од 20:45 часот во Чешка.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *