Екипата на ППД Загреб, која е противник во Лигата на шампионите на Еурофарм Пелистер ќе има нов тренер во продолжението од сезоната.
Нов тренер на ППД Загреб ќе биде Ненад Шоштариќ. Шоштариќ е селектор на женската сениорска репрезентација на Хрватска, а беше и тренер на Локомотива Загреб.
„Искрено изненадување за мене беше поканата на ракометниот клуб Загреб. Не очекував, но мило ми е што сум тука. Од една страна ова е чекор напред, а од друга затворање на животен круг, бидејќи ова е клубот во кој почнав да се занимавам со ракомет. Ракометниот клуб Загреб е институција на хрватскиот спорт. Работењето овде е голем предизвик, но и голема одговорност. Во овој проект влегувам со отворено срце, со огромна желба сите заедно да го постигнеме најдобриот можен резултат”, – изјави тренерот Ненад Шоштариќ.

(фото – Рк ППД Загреб)📷