Во време кога Вардар 1961 почнува нова приказна, отвора нова страница од својата богата и долга спортска историја, и тргнува во испишување на резултати што треба да донесат враќање на клубот онаму каде припаѓа, се проширува и зголемува и бројот на клупските поддржувачи, помагатели и пред се спортски и бизнис пријатели.
Се потврдува дека Вардар 1961 е спортски бренд, и тоа го препознаваат многу компании во Македонија.
Во следниот период партнер на Вардар 1961 ќе биде Неуромедика – првиот приватен медицински бренд во Македонија.
Д-р. Емил Угриновски, Генералниот менаџер на Неуромедика и Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар 1961 ја официјализраа соработката со која Неуромедика ќе биде и многу повеќе од медицински партнер.
”Драго ми е што брендот Неуромедика го препозна се она што го правиме изминатиов период за стабилизирање и враќање на Вардар онаму каде што припаѓа и сигурен сум дека со ова сме уште еден чекор поблиску до нашата цел”, – изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на Рк Вардар 1961.
Професионалниот кадар на Неуромедика ќе биде на 24 часовна медицинска услуга, што е дел од нивното портфолио, и истовремено нивна екипа ќе биде на сите натпревари што Вардар 1961 ќе ги игра како домаќин.


(фото – Рк Вардар 1961)📷