Николас Лиапис е нов ракометар на Охрид

Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата за следната сезона се засили со нов ракометар.

Станува збор за ракометарот од Грција, Николас Лиапис, кој настапува на пикерската позиција. Првиот пивот на грчката репрезентација се обврза на верност од миниум 2 години со ГРК Охрид.

Лиапис (25 години, 192 цм) доаѓа од тимот на Олимпијакос (Грција) каде што и ја има почнато својата ракометна кариера, а пред тоа бележеше одлични настапи и во дресовите на АЕК (Грција) и Адемар Леон (Шпанија).

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *