Никола Билик останува во Кил до 2024 година

Екипата на Кил го продолжи договорот со австриецот Никола Билик до летото 2024 година.

Никола Билик го продолжи договорот за уште две години до 2024 година. Тој веќе шест години го носи дресот на Кил, а сега одново ја продолжи соработката со тимот.


“Неверојатно е убаво што можам да продолжам да го живеам мојот детски сон. И навистина е убаво чувството да продолжам да играм во Кил за фановите. Би сакал да го дадам мојот дел за да се осигурам дека следните години ќе бидат успешни за Кил!“- изјави Никола Билик.

(фото-Рк Кил)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести