Никола Граховац промовиран во нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер го промовираше новото засилување Никола Граховац, кој ќе остане во клубот до крајот на сезоната.

Новиот играч на клубот Никола Граховац по пристигнувањето во Битола и одработени неколку тренинзи со екипата, со своја изјава.

„Минатата година кога се знаеше дека си одам од Веспрем, беше близу да дојдам во Еурофарм Пелистер, но заради други причини го одбрав Вецлар, ама бевме во клубот со контакт. Имавме таму некои спортски проблеми, па одлучив да дојдам тука. Лигата на шампионите е ранг повисоко, доаѓа и плеј-офот каде има дерби натпревари. За мене мислам дека спортски подобро е да играм во Битола. Се работи за балансирана екипа, ги знам играчите, сум играл против некои од играчите, сметам дека лани тимот заслужено беше шампион на Македонија и може и оваа година да биде повторно“, – изјави Никола Граховац.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *