Никола Карабатиќ

Никола Карабатиќ останува во ПСЖ и следните две години

Екипата на ПСЖ ја продолжи соработката со еден од најдобрите во тимот а и на сите времиња. Никола Карабатиќ потпиша договор и останува во екипата на ПСЖ во следните две години, што значи до 2023 година.

Никола Карабатиќ кој има 37 години не планира да се пензионира. Се врати од повредата што ја имаше и ќе биде еден од клучните играчи на Раул Гонзалес.

Карабатиќ во ПСЖ игра од 2015 година, претходно тој има настапувано и за Монпелје, Кил и Барселона.

(фото-Рк ПСЖ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.