Никола Костески и Влатко Митков со Холабрун се закитија со трофеј

Екипата на Холабрун каде настапуваат Никола Костески и Влатко Митков славеше против Тирол со 31-23 во последното коло од плеј-офот од Втората лига во Австрија.

Никола Костески на овој натпревар имаше два погодоци, додека Влатко Митков имаше 11 погодоци.

Екипата на Холабрун го освои првото место и е шампион во Втората лига во Австрија.

Во Австрија оваа сезона нема испаѓање ниту промоција во повисок ранг, па Холабрун и следната сезона ќе настапува во Челинџ лигата. 

Никола Костески го одигра последниот натпревар за Холабрун и од следната сезона се сели во чешкиот тим Плзен.

(фото-Рк Холабрун)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести