Никола Матлиески: Верувам во успешна сезона на Тинекс Пролет

Екипата на Тинекс Пролет подготвена ќе го дочека стартот на новата суперлигашка сезона и саботниот дуел со Тиквеш.

Тренерот Никола Матлиески е задоволен од сработеното во подготвителниот период, во исчекување на стартот на суперлигашките возбудувања.

„Зад нас е подготвителен период што добро го одработевме, одигравме пријателски натпревари што беа искореистени за темпирање на формата. Задоволен сум од залагањето на ракометарите, од нивната желба за работа и за постојан напредок, што е важен предуслов за добри резултати. Подготвени го дочекуваме стартот на сезоната и верувам во успешна сезона за Тинекс Пролет“, – изјави тренерот на Тинекс Пролет Никола Матлиески.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *