Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) назначи нови селектори на пионерската репрезентација и помладите пионери.
Нов селектор на пионерската репрезентација во машка конкуренција ќе биде стратегот Никола Матлиески.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Миркуловски е назначен за нов селектор на помладите пионери.

(фото – РФМ)📷








