Екипата на Тинекс Пролет во продолжението од сезоната ќе има нов тренер, откако се раздели со Никола Матлиески.
Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога.
“За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на домашен терен беше донесена одлука за промена на тренерската позиција. Игор Илиевски, кој е дел од тренерскиот тим во младинската школа на Тинекс Пролет, ќе биде привремено решение до крајот на оваа календарска година”, – објавија од Рк Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








