Никола Матлиески повторно на клупата на Тинекс Пролет

Никола Матлиески е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет, откако раководството на клубот се реши за ангажман на добро познато име на клупата, по шокантната смрт на Александар Јовиќ.

Матлиески е тренер што многу добро го познава Тинекс Пролет, тој седеше на клупата на овој тим од 2017 до 2021 година, кога си замина, а на негово место пристигна Зоран Кастраовиќ, но самиот Матлиески даде огромен придонес во освојувањето на третото место, што е најдобар пласман на Тинекс Пролет од формирањето на Супер-лигата.

Тој потпиша долгорочен договор со Тинекс Пролет, по што синоќа го одржа и првиот тренинг со екипата. Во ситуација кога Тинекс Пролет го очекува учество во плејаут, зацртана цел е опстанокот да биде рутински осигуран, но и да се создаде позитивна атмосфера во пресрет на предизвиците што ќе го очекуваат клубот во наредната сезона.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *