Битолчанецот Никола Митревски кој е голман на Порто, е прогласен за најдобар голман во Португалија за 2021 година.
Тој на спроведена анкета од спортскиот портал за ракомет во Потругалија – 7 Metros, освои повеќе гласови од конкурентите.
Никола Митревски освои 1768 гласови од вкупно 3387. Никола Митревски претходно настапуваше за Еурофарм Пелистер, Вардар 1961, Металург, Бенфика и Доброгеа Суд од Констанца.
(фото – Инстаграм/Никола Митревски)📷