Никола Стоилевски: Без потценување, Струга игра добро на домашен терен

Ракометарите на Тинекс Пролет викендов ги очекува нов предизвик, гостување против екипата на Струга.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тинекс Пролет, Никола Стоилевски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.

„Важиме за фаворити на овој меч, но тоа нема да значи ништо доколку не одиграме онака како што знаеме од почеток до крај. Многу е важно да бидеме максимално борбени во текот на сите 60 минути, едно е сигурно, нема да ја потцениме Струга, свесни сме дека станува збор за „домашна екипа“ која игра особено добро во својата сала. Знаеме колку се значајни бодовите од ваквите гостувања во трката за висок пласман и ќе сториме се за да стигнеме до бодовите. Добро тренираме цела недела и верувам дека сме подготвени да го потврдиме тоа и на самиот натпревар. Борбена одбрана и дисциплиниран напад, тоа е она што треба да ни ја донесе победата на саботниот натпревар“,  – изјави ракометарот на Тинекс Пролет, Никола Стоилевски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *