Екипата на Охрид за следната сезона ги претстави четирите македонски ракометари, кои за тимот ќе бидат огромни засилувања.
Тимот на Охрид потпиша договори со голманот Даниел Ѓорѓески, левото крило Гоце Ојлески, дефанзивецот Милорад Кукоски и десното крило Никола Стоилевски.
Ѓорѓески доаѓа од екипата на Будакалаш од Унгарија, а Ојлески и Кукоски од екипата на Еурофарм Пелистер, додека Стоилевски доаѓа од екипата на Еурофарм Пелистер 2.

(фото – ГРК Охрид)📷