Никола Стоилевски е најновото засилување за тимот на Тинекс Пролет, откако клубот потпиша договор со 25-годишниот ракометар.
Стоилевски настапува на позицијата десно крило и дополнително ќе ја засили конкуренцијата во тимот предводен од тренерот Матлиески.
Негов последен клуб беше ГРК Охрид, а претходно во кариерата ги има брането боите на првиот и на вториот тим на Битола.
Минатата година Стоилевски настапуваше и на неколку пријателски натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷