Никола Стоилевски: Прилеп е една квалитетна екипа

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со згуснатиот распоред во плеј-аут натпреварувањето, па така избраниците на Никола Матлиески му гостуваат на Прилеп.

За овој натпревар своја изјава имаше ракометарот на Тинекс Пролет, Никола Стоилевски, каде изјави дека неговиот тим ќе брка победа против Прилеп.

„Прилеп е една квалитетна екипа чија одлика е секогаш да игра многу подобро на домашен терен. Знаеме дека нема да ни биде нималку лесно, ќе биде тесен меч што ќе го одлучи одбраната. Оној што ќе одигра поквалитетно во дефанзива ќе се радува на крајот. Затоа, мораме добро да ги одработиме дадените задачи од стручниот штаб, да ги затвориме приодите кон сопствениот гол и потоа преку контри и полуконтри да реализираме на спротивната страна“, – вели Никола Стоилевски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *