Ракометарот на Прилеп, Никола Цветаноски во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.
Левиот бек Никола Цветаноски од следната сезона ќе настапува за екипата на Ајдовшчина од Словенија. Овој трансфер беше потврден на социјалните мрежи од клубот.
Цветаноски потекнува од Струга, каде настапуваше за истоимениот тим, а има настапувано и за екипите на Вардар Јуниор, Голден Арт и Прилеп.

(фото – Рк Ајдовшчина)📷