Ник Хенигман го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе се потпре на словенечката класа и професионалност на Ник Хенигман.

Клубот потпиша продолжување на договорот со левиот бек за сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.

Хенигман дојде во Битола минатото лето, го освои Суперкупот на Македонија, играше во континуитет во Суперлигата и Лигата на шампионите, а во меѓувреме е незаменлив и во словенечката репрезентација.

Пред да дојде во Македонија, Хенигман играше за Рибница (Словенија), ПИК Сегед (Унгарија) и Сант Рафаел и Шамбери (Франција).

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *