Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет дојдоа до четвртата победа во Суперлигата, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Спартак со 27-23.
Од почетокот на првото полувреме Овче Поле Славјански Универзитет беше во предност, но Спартак успеа да се врати за нерешен резултат. Домашната екипата предводена од неколку ракометарки успеа во второто полувреме да го врати водството и за на крај да освои нови три бода и нова победа во Суперлигата.
Најефикасна во составот на Овче Поле Славјански Универзитет беше Вучевска со 14 погодоци, додека кај Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со 10 погодоци.
ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет 27-23 ЖРК Спартак
(фото-ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷