Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед со конечни 34-31.
Во првото полувреме се играше израмнето на двете страни, но на полувремето екипата на Пик Сегед го превзеде водството од 17-15. Во второто полувреме двете екипи тргнаа одлично, Пик Сегед го имаше водството, вардарци се обидуваа да израмнат но не успеваа, за на крај да се задоволат со пораз на гостувањето во Унгарија.
Најефикасен во составот на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров со седум погодоци, додека Мартин Томовски имаше 13 одбрани на голот на Вардар, најефикасен во тимот на Пик Сегед беше Тонесен со девет погодоци.
Пик Сегед 34-31 Вардар 1961
(фото-ЕХФ Лига на шампиони)📷