Екипата на Јуниор Кисела Вода ја забележа првата победа во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада тимот на Скопје 2020 со резултат 26-25.
Јуниор Кисела Вода на полувреме обезбеди предност од 15-13. Во второто полувреме Јуниор Кисела Вода исто така имаше предност, за триумф против Скопје 2020.
Најефикасен во тимот на Јуниор Кисела Вода беше Никола Матовиќ со 11 погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Леонид Киселовски со 8 погодоци.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷