Екипата на Еурофарм Пелистер се засили со данскиот ракометар Себастијан Хенеберг, кој доаѓа од Алборг.
Хенеберг игра на позициите лев и среден бек, има 28 години и потпиша договор со екипата на Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната.
Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите.
Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷