Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) номинираше 14 ракометари, каде ќе се избере најдобар ракометар за сезоната 2024/2025.
Ракометните фанови ќе можат да гласаат на социјалните мрежи за нивниот најдобар ракометар од 14 номинирани ракометари.
Победникот ќе биде крунисан и награден на 01.11.2025 година на гала вечерта – „Ракометари на годината 2025“.
Номинирани се ракометарите: Филип Кузмановски, Никола Митревски, Томислав Јагуриновски, Милан Лазаревски, Петар Атанасијевиќ, Игор Ѓоргиев, Иван Галевски, Дамјан Субашевски, Мартин Серафимов, Ненад Костески, Марко Митев, Александар Петковски, Павле Атанасијевиќ и Жарко Пешевски.
(фото – РФМ)📷










