Репрезентацијата на Норвешка ја совлада Франција во финалето со 29-22, и е шампион на Светското Првенство во Шпанија во женска конкуренција, а Франција го освои второто место.
Норвешка доминираше на теренот и во целиот натпревар, па се беше јасно кој е фаворит на натпреварот.
Најефикасна во Норвешка беше Херни Реистад со шест погодоци, додека кај Франција најефикасна беше Алисон Пино со четири погодоци.
Финале:
Норвешка 29-22 Франција




(фото-ИХФ)📷