Репрезентацијата на Норвешка ја совлада Шпанија со 27-22. Најефикасен во Норвешка беше Себастијан Бартолд со шест погодоци, додека кај Шпанија најефикасен беше Хорхе Македа со шест погодоци.
Шведска славеше против Германија со 25-21 и чекори кон полуфинале на Европското првенство. Најдобар стрелец кај Шведска беше Хампус Ване со шест погодоци, додека кај Германија најдобар стрелец беше Јулијан Кестер со четири погодоци.
Резултати од главната фаза од Европското Првенство (мажи):
Шпанија 22-27 Норвешка
Германија 21-25 Шведска
Полска 29-29 Русија
(фото-ЕХФ)📷