Норвешкиот тим Колстад ги потврди шесте засилувања кој од наредната сезона ќе започне со реализација на амбициозниот проект во најава.
Денеска на прес конференција екипата на Колстад ги потврди шесте засилувања. Најдоброто засилување е Сандер Сагосен кој ќе пристигне во 2023 година, заедно со десниот бек Магнус Род.
Додека четворица играчи ќе пристигнат во летото 2022 година, а тоа се голманот Торбјорн Бергеруд од данскиот ГОГ Гудме, десното крило Сигвалди Гудјонсен од Киелце, пикерот Магнус Гулеруд од Магдебург и средниот бек Јанус Смарасон од Гепинген.
(фото – Рк Колстад)📷