Објавени протоколите за навивачите за на Европското првенство

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги објави протоколите за навивачите за Европското првенство за мажи за Унгарија и Словачка.

Нашите фанови кои ќе ја бодрат Македонија ги засегаат протоколите во Дебрецен. Според мерките во Унгарија нема да има лимитиран број на фанови, што значи ќе бидат дозволени полни сали. За да се влезе во сала секој навивач треба да има сертификат за вакцина, или да е целосно вакциниран, да има потврда за прележаност на ковид – 19, или пак да има ПЦР – тест не постар од 72 часа.

Секој навивач треба да носи маска во текот на целиот натпревар. Додека протоколите за Словачка ќе бидат објавени до 9 јануари, само познато е дека и таму само вакцинирани ќе следат натпревари, додека за капацитетот на салите допрва ќе се знае.

https://www.eurohandball.com/en/news/en/spectator-update-for-matches-at-the-men-s-ehf-euro-2022

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести