Објавен е Ол-стар тимот на Светското Првенство во Шпанија во женска конкуренција. За МВП на Мундијалот во Шпанија е избрана норвешката ракометарка Кари Братсет.
Ол-стар тимот го сочинуваат: Сандра Тофт (Данска), левото крило Корали Ласорс (Франција), левиот бек Хени Реистад (Норвешка), средниот бек Грас Заади Деуна (Франција), десниот бек Нора Мерк (Норвешка), десното крило Кармен Беренгуер (Шпанија) и кружниот напаѓач Паулета Фопа (Франција).
За најдобар стрелец или најдобра ракометарка на Светското Првенство во Шпанија е избрана Натали Хагман од Шведска со 71 гол.

(фото – ИХФ)📷