Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентациите на Азербејџан и Литванија во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
На претстојната ЕХФ недела женската сенорска репрезентација на Македонија прво ќе гостува во Баку, Азербејџан, а натпреварот е предвиден да се одигра на 03.04.2024 година во 15:00 часот, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Литванија, а натпреварот е предвиден да се одигра на 07.04.2024 година во Скопје со почеток во 18:00 часот. На списокот повикани се 35 ракометарки.
(фото – РФМ)📷