Селекторот на кадетската машка репрезентација на Македонија, Наум Танески, го објавува поширокиот список на повикани ракометари за селекција.
Кадетската машка репрезентација на Македонија во претстојниот период ќе биде дел од “Трофеј Карпати” во Плоешти, Романија кој ќе се одржи во период од 25.10 до 29.10.2023 година.
На “Трофеј Карпати” покрај нашата кадетска селекција ќе учестуваат и репрезентациите на Египет, Црна Гора и Романија.

(фото – РФМ)📷