Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објавува скратениот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Шпанија во рамки од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Сениорките прво ќе одиграат натпревар на домашен терен во СЦ “Борис Трајковски”, во Скопје на 29.02.2024 година во 18:00 часот, а потоа ќе гостуваат во Шпанија во градот Ланцароте. Натпреварот ќе се одигра на 03.03.2024 година во 17:00 часот.
На списокот повикани се 20 ракометарки за двата натпревари со репрезентацијата на Шпанија.
Собирот е закажан за ден 25.02.2024 година (недела), со почеток во 12:00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.

(фото – РФМ)📷