Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари за ЕХФ неделата.
Раде Стојановиќ на списокот повика 22 ракометари. Кадетите за време на ЕХФ неделата ќе одиграат два пријателски натпревари против Црна Гора.
Собирот е закажан на 10 октомври во понеделник, а натпреварите ќе се одиграат во Црна Гора, Подгорица на 14 и 15 октомври.
(фото-РФМ)📷