Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари за ЕХФ неделата.
На списокот повикани се 22 ракометари. Кадетите ќе одиграат два пријателски натпревари против Романија.
Натпреварите ќе се одиграат на 11 март во 18:00 часот, и на 12 март од 12:00 часот во салата Автокоманда во Скопје. Собирот на ракометарите е во среда на 8 март, во хотел Карпош – Скопје, од 13:00 часот.

(фото – РФМ)📷