Екипата на Овче Поле од Свети Николе, направи пресврт и ги освои трите бода против Кичево 2020, откако славеше со резултат 29-27.
Тимот на Кичево 2020 во првиот дел од натпреварот имаше водство, па на пауза замина со предност од 16-12. Во второто полувреме Кичево 2020 исто така имаше водство, но на неколку минути при крајот екипата на Овче Поле направи пресврт за победа.
Најдобар стрелец во тимот на Овче Поле беше Стефан Коцевски со осум гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најдобар стрелец беше Кристијан Смилески исто така со осум гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷