Екипата на Овче Поле од Свети Николе со победа се враќа од гостувањето кај екипата на Аеродром, откако славеше со минимални 27-26 во Првата лига.
Иако на полувреме тимот на Аеродром имаше водство од 15-13, сепак во второто полувреме тимот на Овче Поле успеа да се врати, за на крај да се радува на триумф против Аеродром.
Во составот на Овче Поле најдобри стрелци беа ракометарите Стојанче Ристов и Кристијан Стаменков со по седум гола, додека кај екипата на Аеродром најдобар стрелец беше ракометарот Благоја Зафировски исто така со седум гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958) 📷