Тимот на Овче Поле го надигра тимот на Аеродром, откако триумфираше со конечни 34-31 во Првата лига.
Иако на полувреме беше нерешено со 15-15, сепак во второто полувреме Овче Поле успеа да го надигра тимот на Аеродром.
Најефикасен кај екипата на Овче Поле беше Иван Димчевски со девет гола, додека кај Аеродром најефикасни беа Александар Симоновски и Андреј Ниновски со по седум гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷