Екипата на Овче Поле забележа победа на домашен терен против Металург РА со конечни 30-28 и обезбеди пласман во плеј-офот во Првата лига.
Иако на полувреме Овче Поле губеше од Металург РА со 14-13, сепак во второто полувреме се врати и на крај триумфираше.
Најефикасен во редовите на Овче Поле беше Кристијан Стаменков со осум гола, додека кај Металург РА најефикасен беше Филип Петровски со 17 гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷