Овче Поле до крајот на сезоната без Димитрија Крстев поради повреда!

Прволигашот Овче Поле од Свети Николе до крајот на сезоната останува без важен ракометар поради повреда.

Станува збор за ракометарот Димитрија Крстев, каде на натпреварот против Шампион се повреди, и му се констатира скинат преден вкрстен лигамент и менискус со што беше неизбежна операција. Тој денеска се оперираше и се помина во најдобро светло. 

“После тешката повредата против РК Шампион на Димитрија Крстев му се констатира скинат преден вкрстен лигамент и менискус со што беше неизбежна операција. Тој денеска се оперираше и се помина во најдоро светло. Од целиот тим на ГРК Овче Поле 1958 му посакуваме побрзо опоравување и што поскоро да се врати на терените за да продолжи со неговата доминација. Со помин ДИМЕ!MVP! MVP!”, – напишаа на социјалните мрежи од ГРК Овче Поле 1958.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести