Екипата на Овче Поле од Свети Николе на свој терен забележа триумф против Македонија Ѓорче Петров со резултат 28-24 во Првата лига.
Во првото полувреме двете екипи одиграа изедначено, па на пауза заминаа со нерешен резултат од 12-12. Во второто полувреме екипата на Овче Поле го презеде водството, за на крај да слави против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во тимот на Овче Поле беше Игор Павловски со седум гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Максимилијан Ѓиноски со шест гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷